• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Бонуси
  • Мобилно обложување
Overall
4

Резиме

10Bet важи за одлична обложувалница, но сепак има одредени недостатоци кои треба да се отстранат во најскоро време.

Pros

  • Одлична корисничка поддршка
  • Солидни коефициенти

Cons

  • Лоша бонус понуда
  • Комплициран сајт

Со оваа рецензија за 10Bet каде што ќе ви ги претставиме сите предности и недостатоци ќе ви помогнеме да добиете јасна слика за тоа што ве очекува таму во смисла на предност и недостаток.

Општо

Во 2003 година, започнува приказната наречена 10Bet. Со идеја за да се стигне до врвот, тимот на 10Bet напорно работи за оваа обложувалница да прерасне во бренд на пазарот за обложување. Компанијата има седиште во Лондон, но лиценцата и потекнува од Малта. Со таа малтешка лиценца се докажува дека станвуа збор за сериозна обложувалница на која може да и се верува. Генерално нема добри бонус понуди, па тоа им е голем недостаток кој во секој случај треба во најскоро време да го решат.

Доверба

За една обложувалница да биде одлична мора да поседува лиценца за обложување од комисиите за коцкање. Таков е и овој случај, каде што 10Bet поседува лиценца во Малта. Истата е од типот B2C – Gaming Service Licence и е заведна под реден број MGA/B2C/331/2016. Со овие информации се докажува дека не станува збор за измамничка обложувалница, туку напротив за лиценцирана кладилница.

Вебсајт

Искрено генералниот впечаток за вебсајтот не е баш најдобар. Со оглед на тоа што има чудни нијанси, не дава некоја пријатност за играчите. Освен тоа, сите слики и слајдери им се максимално картонизирани и анимирани, па повеќе личи на некој сајт за деца отколку за возрасни.

За почеток добивате страна каде што најгоре започнувајќи од лево го имате логото, а потоа во централниот дел е мени барот. На крај во левиот агол е секцијата за најава и регистрација.

Веднаш под нив е категоријата со топ настани и со спортови за обложување, централниот дел е за натпревари кои се на дневната понудата, а на крајот е тикет алатката и рекламите за казино.

Најдолниот дел е резервиран за информации за обложувалницата, лиценци, контакти, како и корисни категории за играчите во смисла на статистики, резултати итн.

Сајтот е достапен на неколку јазици, но за жал 10Bet МК верзијата не е достапна, па според тоа ќе си го изберете вашиот јазик кој најмногу ви одговара.

10Bet homepage
10Bet почетна страница

Покриеност

10Bet ги покрива најпопуларните спортови како фудбал, кошарка, тенист итн, но не се заборавени и помалку познатите спортови како ММА, пинг понг, зимски спортови. Со тоа се докажува дека 10Bet има одлична покриеност за обложување, па доколку сакате разновидни категории за кладење, 10Bet тотално ќе ги задоволи вашите потреби.

Понуда во 10Bet

Понудата во 10Bet им е солидна. За настан од топ лигите за фудбал во Европа имате за обложување околу 200 достапни опции. Во тие опции спаѓаат главните типови, 1,Х,2, полувреме/крај. Потоа следува категоријата со голови. На трето место е обложувањето на полувремиња. Следуваат корнери, картони, специјали и за крај играчи каде што може да се обложувате на играчи дали ќе направат асистенција, дали ќе постигнат гол, дали ќе добијат картон итн. Во понудата можеби не се број 1, но сепак имаат одлични и интересни опции за кладење. Истото важи и за останатите спортови кои и не се толку многу познати.

Коефициенти во 10Bet

Коефициентите во 10Bet се достапни во три различни варијанти и тоа, децимални, фракционални и американски. Вие како играч си ја избирате опцијата која најмногу ви одговара. Што се однесува до вредностите, тие се конкурентни со останатите обложувалници. За дел од игрите имаат и највисоки коефициенти, па пред да уплатите на друго место, не е лошо да проверите што нудат во 10Bet.

Што се однесува до статистиката 10Bet има сеопфатна маргина на кладење од 5.3% и најниска маргина за фудбал од 4.4%. Со тоа се покажува дека коефициентите за вас како играч се доста прифатли и доста атрактивни.

Уплата на средства во 10Bet Македонија

Уплатата на средства е битен елемент во секоја обложувалница. Прво и основно треба да прима уплати преку најпознатиот метод за тоа, кредитни и дебитни картички, а добро би било како опција да се достапни и е-новчаниците како Skrill и Neteller. Во 10Bet сето тоа е опфатено дури и повеќе, па вашите пари може да ги уплатите на 12 различни начини. Минималната сума за депозит е 10 евра, освен за Paypal и Interac каде што може да уплатите и 5 евра. Провизијата за сите 12 начини е сведена на 0. Во прилог комплетен извештај за уплата на средства во 10Bet.

10Bet уплата
10Bet уплата на средства

Исплата на средства во 10Bet Македонија

Во сите обложувалници во светото, поради заштита од злоупотреба, начинот на исплата е ист како и начинот на уплата. Отстапка може да има единствено ако начинот на кој сте уплатиле, не поддржува исплата. Добивката може да си ја добиете на 8 различни начини. Минималната сума која може да ја повлечите е 10 евра, а исто како и за уплатата, провизија за исплата нема. Времето на процесирање на исплатата е во зависност од начинот и е од најмалку 48 часа до најмногу 5 работни дена. Во прилог слика со начините за исплата од 10Bet.

10Bet исплата
10Bet исплата на средства

Корисничка поддршка

Сите светски обложувалници и лидери во обложувањето имаат достапна 24/7 корисничка поддршка во случај на проблем, па така е и случајот во 10Bet. Имаат одлична поддршка за корисници која е максимално љубезна и стручна, па вашиот проблем ќе го отстранат во најкус можен рок. До нив може да стигнете преку Live Chat формата која е достапна на сајтот, преку е-маил [email protected] или преку телефонскиот број +356 2778 0155. Според нашето искуство најдобро и најбрзо е да им се обратите директно преку сајтот и да водите разговор во живо.

10Bet бонус

Во категоријата 10Bet бонус и промоции нема што многу да се види, освен основните бонуси кои се достапни и во другите обложувалници, но може да кажеме дека и се за нијанса подобри.

10Bet бонус за добредојде

Бонусот за добредојде и не е кој знае колку атрактивен. За почеток за сите нови корисници нудат 100% бонус до 50 евра, а во останатите обложувалници овој бонус достигнува и до 300 евра. За да го земите бонусот треба во промо полето да го внесете кодот PLAY10, а за да бидете квалификувани за овој бонус минималниот депозит мора да е 15 евра. Комплетните услови и права за овој бонус може да ги прочитате на сајтот.

10Bet бонус за комбо тикети

И овој бонус не е кој знае колку атрактивен. Наменет е за тикети со повеќе од три натпревари, па во зависност од тоа колку натпревари, толку и бонус ќе си добиете. За да бидете квалификувани во овој бонус, минималната квота по натпревар треба да биде 1.50, а тоа искрено спаѓа во високи услови. Максималната сума може да ви се зголеме за 50% ако изиграте 16+ натпревари на тикетот.

Во моментов само горенаведената бонус понуда е активна за сите корисници, што мора да признаеме дека навистина изгледа сиромашно.

Опции во 10Bet

Скоро секоја обложувалница нуди најразлични опции за корисниците, па така и 10Bet има што да понуди.

Live Stream во 10Bet

Live Stream понудата во е навистина задоволувачка. Распоалгаат со пренос на многу настани од многу спортови и сето тоа е навремено со одлична графика и одличен звук.

Cashout фунцкија

Оваа функција е достапна во 10Bet, но за жал е фокусирана не кон играчите, туку кон обложувалницата. Често знае да скрати многу, па во некои случаи и не вреди да се искористи. Сепак вие најдобро знаете кога да ја користите оваа функција.

Bet Calculator

Исто така имате достапна опција Bet Calculator. Тука може да правимте милиони пресметки за многу понудени системи. Веруваме дека љубителите на системите ќе бидат задоволни со оваа опција. Сите кои не знаат да си пресметаат систем, тоа можат да го направат токму на овој сајт.

Статистика за натпревари во живо

И оваа функција не им е на завидно ниво, а тоа може да го забележете од сликата подолу. Станува збор за доста комплициран начин на приказ, кој искрено како играч веруваме дека нема да ве импресионира.

10Bet статистика во живо
10Bet статистика во живо

Обложување во живо

Обложувањето во живо во 10Bet е солидно. На „менито“ имаат многу настани да понудат, а исто така и опциите за обложување се околу 77 што е солидна бројка за кладење во живо. Коефициентите им се за нијанса пониски, но доколку играте со нормални влогови нема да изгубите многу.

Често се најдуваат настани достапни во живо од многу непознати и ниски лиги ширум светот.

10Bet обложување во живо
10Bet обложување во живо

Мобилно обложување во 10Bet

Сега кога живееме во еден динамичен период, не секогаш сме спремни и имаме можност да бидеме пред компјтуер, па затоа мобилните верзии од секој сајт за кладење се битен елемент. 10Bet располага со одлична верзија која е доста брза и компактна. Функциите на мобилниот веб сајт за обложување, регистрација, депозит и повлекување се достапни исто како и на десктоп верзијата.

Како да се регистрирам на 10Bet?

Регистрацијата на 10Bet се одвива во три чекори. Иако навидум тоа изгледа комплицирано, сепак не е ништо поразлично и посложено за разлика од другите обложувалници. Ќе ви одземе само неколку минути, а податоците што треба да ги внесете се лични.

Најпрво внесувате, име презиме, е-маил и датум на раѓање, па потоа корисничко име, лозинка и потоа избирате опции за 10Bet.

10Bet регистрација
Регистрација во 10Bet

Најчесто поставувани прашања за 10Bet

Дали во 10Bet можам да уплатам со картичка?

Да. Прифатливи се картичките на Visa, Master Card и Maestro.

Дали регистрациајта во 10Bet е бесплатна?

Регистрацијата е тотално бесплатна.

Колку е минималниот депозит?

Минималниот депозит е 10 евра.

За колку време стигнуваат повлечените пари?

За најмногу до 5 работни дена.

Дали 10Bet е добра обложувалница за почетници?

Почетниците може да почуствуваат потешкотии со структурата на страната.

Заклучок

10Bet е свтски позната обложувалница која ги има сите елементи за да биде во врвот на пазарот за обложување. Напорно работат за да се надоградат и да стигнат на тронот.