• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Мобилно обложување
  • Бонуси
Overall
4

Резиме

Обложувалница која често ги изненадува своите корисници со најразлични бонус понуди и промоции. Се труди да ги следи светските трендови во сферата на обложувањето.

Pros

  • Добар веб сајт
  • Конкурентни квоти
  • Одлични бонуси и промоции

Cons

  • Нема 24/7 корисничка поддршка
  • Недоволно начини за уплата и исплата

Во текстот кој следи ќе се обидеме да ви ги претставиме сите предности и недостатоци за обложувалницата Sport Life.

Општо

Sport Life МК веќе подолго функционира на македонскиот пазар. Слободно може да кажеме дека станува збор за исклучително успешна обложувалнциа која многу често ги изненадува своите корисници со различни бонуси и промоции. Oфицијално оваа обложувалница е регистрирана во мај 2007 година со седиште во Скопје.  Почетоците на компанијата се од далечната 2002 година, со регистрација како спортско друштво со основна дејност за организирање на обложување на спортски натпревари. Првата локација на оваа обложувалница е во скопската населба Кисела Вода.

Доверба

Довербата се заснова на лиценцата. Оваа обложувалница нема проблеми со тоа и поседува лиценца за посебни игри на среќа во обложувалница под број 44-4785/1 од 22.05.2018 година. Истата е издадена од Влада на Република Македонија.

Вебсајт

Вебсајтот на оваа обложувалница им е дефинитивно одличен. Веднаш штом ќе ја накуцате адресата во вашиот пребарувач ви се отвара нивната почетна страна. Таа е интересно дизајнирана со модерен интерфејс. Во горниот дел има мени бар со икончиња кои ќе ве поврзат со нивните официјални профили на различни социјални мрежи. Тука спаѓаат Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Потоа имате опција за избор на јазик, Македонски или Англиски, и веднаш по нив следуваат опциите за најава, регистрација итн.

Под нив има уште една лента која го содржи логото на обложувалницата и категориите. Веднаш под нив се наоѓа огромен слајдер кој ви ги претставува најновите информации како и бонус промоции и понуди. Исто така во централниот дел имаат резервирано место за спортски атрактивни вести.

Потоа следува опцијата за проверка на тикет каде што со пишување на серискиот код од тикетот проверувате дали е добитен или недобитен.

Опцијата за билтени во pdf форма е достапна заедно со додатокот и супер типот за кој ќе напишеме малку подоцна.

За крај ја имате табелата со најиграните фудбалски натпревари каде што имате опција да изберете дуели за типување.

И како и секаде, така и на сајтот од Sport Life футерот е посветен за нивни лични информации како и корисни опции за обложувачите.

Со еден збор, вебсајтот е модерен и лесен за навигација.

Sport Life почетна страница
Sport Life почетна страница

Покриеност

Покриеноста не им е баш кој знае колку на високо завидно ниво, но сепак имате доста спортови за обложување. Sport Life ги покрива воглавно спортовите кои се мегапопуларни, а често може да најдете и нешто за обложување од категориите на Е-Спорт итн.

Понуда во Sport Life

Во рамките на понудата како пример ќе земеме еден натпревар од топ лигите во Европа, поточно натпревар од италијанската Серија А. На таков дуел вие имате можност да избирате еден од околу 550 понудени знаци за типување. Освен класичните конечен исход, голови, хендикеп имате и многу комбинации. Комбинации во смисла на конечен исход голови, двојна шанса голови, полувреме/крај и голови како и нешто посебно интересно, полувреме/крај – двојна шанса. Како и да е, понудата им е богата и може да правите доста комбинации.

Коефициенти во Sport Life

Пред неколку години коефициентите во Sport Life им беа очајни, но менаџментот со напорна работа успеа да се подобри во тој поглед. Сега може да кажеме дека не се најголеми, но во секој случај се конкурентни со останатите обложувалници, па доколку ја изберете обложувалницата на Sport Life ве уверуваме дека нема да погрешите.

Истото ова важи и за останатите спортови како што се кошарката, ракометот, тенисот итн. Често се случува коефициентите да се намалени, но ве уверуваме дека исто така е и во другите обложувалници.

Уплата на средства во Sport Life Македонија

Во моментов во Sport Life за да се обложувате онлајн можете да уплатите единствено преку трансакциска сметка во пошта, банка или да ги искористите услугите на е-Bankig. Наскоро најавуваат дека методите за уплата ќе бидат проширени, но во моментов функционира само овој метод. Тоа треба да го направите пополнувајќи уплатница со ваши лични податоци и податоци на обложувалницата. Практично вие треба да уплатите средства на нивната жиро сметка во НЛБ БАНКА 210-0622068104-05, а како назив на примач ги внесувате нивните податоци, Спорт-Лаиф Трејд ДОО Скопје. Бул. „Борис Трајковски“ бр. 198 Скопје

Исплата на средства во Sport Life Македонија

Исплатата исто се прави преку трансакциска сметка и откако ќе направите исплата парите ви стигнуваат на вашата сметка за најмногу 5 работни дена. Минималниот износ за исплата изнесува 300 денари.

Корисничка поддршка

Доколку се соочувате со одреден проблем, на расоплагање ви стои нивната корисничка поддршка. Работното време им е од Понеделник до Петок од 09 до 21 часот, додека во Сабота се достапни од 09 до 16. Недела им е неработен ден. До нив може да стигнете преку контакт формата на нивниот сајт, е-маил адресата [email protected] или телефонскиот број + 389 77 728 333. Генерално се стручни и знаат да го решат вашиот проблем. Ако ги контактирате преку е-маил или контакт форма, одговорот ќе го добиете во наредните неколку часа во зависност во кој период од денот сте ги контактирале.

Sport Life бонус

Бонус категоријата им е навистина богата и има со што да се пофалат во тој дел. Најразлични програми и бонуси се достапни на нивниот сајт, а ние накратко ќе ви прикажеме за што станува збор.

Sport Life бонус за добредојде

Како и во светските обложувалници, така и овде е достапен бонусот за добредојде кој е во висина од 100% до 6000 денари за сите нови корисници.

Sport Life бонус за добредојде
Sport Life бонус за добредојде

Sport Life бонус – Reload бонус

Право на Monthly Reload Bonus 50% до 3.000 денари имаат сите веќе регистрирани  корисници кои веќе направиле прв депозит на својата корисничка сметка. При секое ново, прво депонирање во  месецот, корисниците ќе можат да го активираат Monthly Reload Bonus.

Sport Life бонус – Типстер куп

Со своите уплатени тикети, без разлика дали се добите или не, играчите се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.

Sport Life бонус – Бонус на Live тикети

Овде добивате повеќе во вашата потенцијална добивка во зависност колку натпревари сте изиграле. 5% добивате повеќе до 2 натпревари, а 10% повеќе ќе ви се пресметаат за 3 или повеќе натпревари на тикет.

Cash out функција

Опцијата CASH ОUT (рана исплата на тикет) е наменета за онлајн тикети на кој не се завршени сите натпревари, не се започнати, но има погодени дел од натпреварите. 

Со оваа опција имате можност да извршите исплата на тикетот, но со намален износ кој се пресметува врз основа на тековните коефициенти на преостанатите натпревари кои не се завршени или не се започнати. 

Oбложување во живо

Обложувањето на живо е добро. Тоа го велиме бидејќи има екстра коефициенти, а исто така и понудата е добра. Таму може да најдете фудбал, кошарка, тенис, хокеј и многу други спортови. Посебен впечаток ни остава категоријата во живо бидејќи има многу знаци за типување.

Sport Life обложување во живо
Sport Life обложување во живо

Мобилно обложување

Мобилното обложување е многу важно за секоја кладилница бидејќи живееме во еден динамичен период каде што секогаш немаме опција да сме пред компјутер. Вие во Sport Life можете да се обложувате преку мобилната апликација која е достапна за Android и iOS и исто преку мобилната верзија на нивниот веб сајт. И во двете опции ги имате достапни истите функции како и десктоп верзијата.

Како да се регистрирам на Sport Life

Формата за регистрација е комплетно на македонски јазик, па не веруваме дека ќе се соочите со одреден потешкотии околу тоа. Се што треба да направите е да ги внесете вашите лични податоци како име презиме, адреса град и датум на раѓање. Потоа се внесува и бројот на лична карта како и матичниот број. Избирате корисничко име, е-маил адреса, лозинка и штиклирате дека се согласувате со правата и условите за користење. На крај потврдувате преку активацискиот линк кој ви стигнал на е-маил и вие сте нов корисник на Sport Life.

Sport Life форма за регистрација
Sport Life форма за регистрација

Најчесто поставувани прашање за Sport Life

Дали Sport Life има онлајн обложување?

Да, обложувалницата на Sport Life има онлајн обложување кое е доста напреднато.

Сигурни ли се податоците во Sport Life?

Вашите лични податоци се комплетно сигурни и трето лице нема пристап до нив.

Какви им се коефициентите во Sport Life?

Коефициентите им се солидни и нема да зажалите ако ја изберете оваа обложувалница.

Заклучок

Ова е традиционална обложувалница која секогаш ги следи трендовите на светскиот пазар за обложување. Многу често нуди најразлични атрактивни бонуси и промоции и секојдневно напредува.