• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Бонуси
  • Мобилно обложување
Overall
4.1

Резиме

Светска обложувалница која е наменета за сериозни кладилничари кои сакаат да прават облози со високи суми, а притоа да бидат сигурни во исплатата.

Pros

  • Одлична бонус понуда
  • Кешаут функција
  • Брза исплата

Cons

  • Бавнни е-маил одговори
  • Лимитирана максимална добивка на 20.000 ЕУ

Со рецензиите за најпознатите обложувалници се трудиме што повеќе да ви објаснеме за предностите и недостатоците на истата таа обложувалница. Сега на ред е една од попознатите онлајн обложувалници Unibet.

Општо

Верувале или не, Unibet на пазарот постои од далечната 1997 година. Со тек на време тие се развиваат и прераснуваат во една сериозна обложувалница која без никакви проблеми функционира на пазарот за обложување. Ги има сите елементи за топ обложувалница, а подолу во текстот ќе се обидеме да ви ги анализираме токму тие сегменти што и помагаат на оваа обложувалница да опстојува повеќе од 23 години на пазарот.

Доверба

Како сите големи обложувалници, така и Unibet поседува сериозна лиценца. Кога проверивме категорично добивме одговор „Лиценцирана“. Нивната лиценца е заведна под број MGA/B2C/106/2000. На тој начин корисниците добиваат висока сигурност. Освен тоа располага со SSL технологија за енкрипција, па љубителите на обложувањето со високи суми ја категоризираат Unibet во екстра безбедна онлајн обложувалница.

Вебсајт

Комбинацијата на зелената боја зачинета со бело сивкасти нијанси ја прави оваа страница удобна за вашите очи. Сајтот дефинитивно им е ултра модерен со детали и информации кои ви се потребни. Со самото отворање добивате опција за избор на еден од понудените јазици. Вие имате избор да изберете еден од 27-те достапни јазици. За жал Unibet МК верзија не постои. После тоа следува логото на левата страна и десниот дел е за регистрација и најава. Веднаш под нив е мега слајдерот на кој ги гледате сите активни бонус понуди и промоции. Потоа следува фиксниот дел каде што може да ги најдете бонус понудите за добредојде. За крај ги имате категориите како и важните информации поврзани со обложувалницата на Unibet.

Откако ќе го изберете спортското обложување ви се отвора повторно модерен пејџ кој има доста интересен распоред. Лево е делот на категориите, а во централниот дел имате бонус понуда. Веднаш до нив се рандом избрани натпревари во живо, а на крајот ги има натпреварите кои се на ред да започнат.

Со самото скролање ви се појавуваат и понуди за помалку познати спортови, опција за зголемени квоти, како и понуда за е-спорт.

За крај на вебсајтот е оставена опцијата за избор на прикажувањето на форматот на коефициентите.

Unibet почетна страна за обложување
Unibet почетна страна за обложување

Покриеност

Генерално oваа обложувалница ги покрива сите познати и помалку познати спортови. Нема некои посебни и чудни категории за обложување како што е случај во останатите обложувалници, но сепак слободно може да кажеме дека се добри и дека покриеноста ќе ја задоволи вашата потреба.

Понуда

Љубителите на спортското обложување во Unibet можат да избираат помеѓу 330 знаци за обложување за топ лигите. Мора да признаеме дека кога станува збор за послабите лиги немаат толкава понуда, но во секој случај се достапни класичните типови за обложување. Екстра добри се за обложување на кошарка бидејќи нудат најразлични комбинации со тотали, па доколку се обложувате на кошарка во Unibet ќе имате многу опции за избор. Обложувањето во живо им е исто така богато и располага со нешто повеќе од 10.000 настани месечно кои имаат одлични опции за обложување.

Koeфициенти во Unibet

Вредностите на коефициентите им се солидни, а тоа го докажува и податокот дека имаат Payout од 96%. Оваа вредност важи за топ лигите, додека на обложувањето над/под таа вредност е од 95 до 96% поточно 1.90/1.90 што не е случај во останатите обложувалници. За тенис дуелите каде имаме израмнети противници квотите се движат со сооднос 1.89-1.89. Како што и погоре пишавме имате опција за прикажување на форматот на овие вредности и тоа во класичен децимален формат, како и фракционален и американски формат.

Уплата на средства во Unibet Македонија

Уплатата на средства во оваа обложувалнциа можете да ја направите преку 12 најразлични начини. Можеби начините за уплата и исплата не се на бројка толку големи како кај другите букмејкери, но сепак ги има како опција основите најкористените. Достапни начини за уплата се кредитните и дебитните картички, е-новчаници како Skrill и Neteller, банкарски трансфер и многу други. Генерално парите се уплаќаат без провизија освен ако сакате да уплатите преку Paysafe ќе мора да платите 3% провизија. Уплатата се процесира веднаш за 99% од начините за уплата. Во прилог слика со детали за уплатата. Минималниот износ за уплата 10 евра, односно 5 евра за уплата преку Apple Pay.

Unibet начини за уплата
Unibet начини за уплата

Исплата на средства во Unibet Македонија

Секаде во светот, поточно во секоја обложувалница начинот на исплата по правило е ист како начинот на уплата освен ако нема опција за тоа. Практично тоа значи дека ако направите депозит преку Visa картичка, треба и преку истата таа картичка да направите исплата. Исто како и за уплатата нема провизија ниту кога ќе ги подигате вашите средства. Времето на процесирање зависи од начинот кој сте го избрале и трае од најмалку 12 часа до најмногу 5 работни дена. Минималната исплата е 10 евра. Во прилог слика со начините за исплата и деталите.

Unibet начини за исплата
Unibet начини за исплата

Корисничка поддршка во Unibet

За да бидете конкурентни на пазарот за обложување треба да ги следите сите најнови светски трендови. Еден од тие трендови е корисничката поддршка во живо. Unibet има одлична корисничка поддршка за која можеби ќе треба да почекате неколку минутки повеќе, но барем ќе бидете сигурни дека во најголем дел од случаите проблемите експресно решени. Исто така мора да кажеме дека начинот за помош им е доста интересен. Најпрво треба да ги разгледате најчестите прашања, па дури потоа ако не го најдете вашиот одговор имате опција да ги контактирате преку формата на Live Chat. Доколку сакате да ги контактирате по е-маил тогаш треба да им пишете на [email protected] или да им се јавите на телефонот за служба на корисници 0800 329 393.

Обложување во живо

Доколку сакате да чекорите кон тронот во спортското обложување, треба да имате одлична понуда за обложување во живо. Тимот на Uniebt посебно работел за ова да го направи совршено. Имаат одличен интерфејс кога станува збор за овој вид на кладење, а сето тоа е „зачинето“ со визелен терен, статистика во живо итн. Коефициентите не им се кој знае какви, но сепак не се за потценување.

Во оваа обложувалница на менито може да најдете 30.000 настани на годишно ниво, па тоа ја прави Unibet да биде топ обложувалница. Исто така има и одличен пренос кој придонесува за поголемо задоволство помеѓу играчите.

Unibet бонус

Бонусот е елемент кој привлекува најмногу нови корисници. За да стане некој ваш корисник треба да го привлечете со добар бонус. Рака на срце, Unibet има секогаш интересни бонус понуди и промоции.

Unibet бонус за добредојде

Unibet бонус за добредојде го има во две верзии. Првата верзија е да се обложувате без ризик каде што доколку промашите добивате 25 евра назад или пак втората опција е 100% бонус до 100 евра на вашата прва уплата. За правата и условите за користење контактирајте ја службата за корисници или посетете го нивниот сајт.

Unibet бонус – Специјални програми

Специјалните програми во Unibet бонус понудата се наменети за стабилни играчи и обично овие понуди се конкретно наменети за некое посебно натпреварување.

Unibet бонус – 100% Cash out

Ова е интересна опција за тие што знаат да се премислат. На пример уплаќате 10 евра на 2 коефициент пред да започне натпреварот и во еден момент се премислувате. Во тој случај Cash out сумата е 100% на висината на влогот што е навистина реткост во онлајн обложувалниците.

Опции во Unibet

Unibet како обложувалница располага со многу корисни опции за обложувачите.

Live stream во Unibet

На Unibet може да уживате во HD резулиција на многу натпревари. Редовно се пренесуваат натпревари од Ла Лига, Серија А, НБА, како и Гренд слем натпреварите. Снимката има и одличен звук, а исто така и навремено се пренесува.

Статистики

Љубителите на статистиките може да уживаат во оваа категорија. Недостаток е што не е секогаш достапна, но со малку упорност можат да се извлечат корисни податоци. Тука се најдуваат информации за победи, порази, вкупно голови како и меѓусебни дуели. Тоа често знае да биде „добитна“ информација.

Резултати во живо

Unibet има и супер платформа за резултати во живо, како и за резултати на завршени натпревари. Известувањата знаат да закаснат по неколку секунди, но тоа не е голем проблем.

Cash out функција

Најголемата иновативност во онлајн обложувалнциите е Cash Out. Со оваа функција вие може да направите предвремена исплата без да завршат натпреварите. Вредноста на исплатата се заснова на математички формули во зависност од водството на вашиот тим, останати натпревари, квоти итн. За жал нема делумен или автоматски Cash out.

Мобилно обложување

Мобилното обложување во Unibet може да го извршувате без поголеми проблеми. Оваа компанија има одличен мобилен вебсајт со истите функции како и десктоп верзијата.

Навидум, мобилниот сајт изгледа како и декстоп сајтот, но дефинитивно има големи разлика и функционира многу полесно, така што корисниците на мобилен телефон многу лесно можат да се регистрираат, да изиграат тикет итн.

Покрај тоа тие имаат апликации кои се достапни за оперативните системи Adnroid и iOS. Мора да напомнеме дека оваа компанија за обложување нуди три различни видови мобилни апликации и тоа апликација за спортско обложување, апликација за казино и апликација за покер. Сите тие функционираат беспрекорно.

Unibet мобилно обложување
Unibet мобилно обложување

Како да се регистрирам на Unibet?

Регистрацијата се прави во 4 чекори. Иако изгледа навидум комплициранo, воопшто нема да ви претставува потешкотија тоа. Треба само да ги внесете вашите лични податоци, како и подоцна да ја верифицирате вашата сметка со испраќање на документи за лична идентификација. Внесете валидна е-маил адреса за подоцна да може да ја верифицирате вашата сметка.

Unibet регистрација
Unibet регистрација

Најчесто поставувани прашања за Unibet

Дали Unibet е погодна обложувалница за почетници?

Искрено според нашето искуство не. Имаат малку покомплицирана структура, па тоа може да делува збунувачки.

За колку време ќе ми стигнат парите од Unibet?

Парите од Unibet во зависност од методот на исплата може да ви стигнат за најмалку 12 часа, а најмногу 5 дена.

Има ли провизија во Unibet?

Не. Провизијата во Unibet не постои ниту за уплата ниту за исплата.

Дали Unibet е лиценцирана обложувалница?

Да. Unibet поседува лиценца од Малта комисијата за обложување.

Од кога постои Unibet?

Unibet на пазарот за обложување постои уште од 1997 година.

Заклучок

Unibet е мегапопуларна обложувалница која е во конкуренција со најдобрите онлајн обложувалници ширум светот. Располага со широк спектар на игри и има доста богата бонус понуда. И за крај мора да наопмнеме дека Unibet не застанува и целосно се надоградува, па на тој начин и станува се поконкурентна на пазарот за обложување.