• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Мобилно обложување
Overall
3.8

Резиме

2Win е прилично нова обложувалница и искрено треба се уште да се развива. Нема да понуди кој знае што за да ве привлечи вие да станете токму нивни корисник.

Pros

  • Прегледен сајт
  • Одлична платформа и избор за обложување во живо

Cons

  • Слаба бонус понуда
  • Нема Live Chat корисничка поддршка

2Win МК е нешто понов букмејкер кој функционира исклучиво онлајн. Ние во овој текст ќе се потрудиме да ви го „донесеме“ поблиску до вас.

Општо

Обложувалницата на 2Win има едноставен дизајн на својот веб сајт. Сепак нема кој знае какви елементи за да ве привлече како нов корисник. Бонус секцијата им е навистина сиромашна и тоа е голем недостаток.

Инаку е во сопственост на Друштво за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје.

Доверба

Со оглед на тоа што станува збор за лиценцирана обложувалница, слободно може да кажеме дека на 2Win може да им се верува.

Се разбира дека немаат доверба исто толку голема колку и останатите обложувалници, но ние одговорно тврдиме дека не станува збор за измамнички сајт.

Вебсајт

Доколку правиме споредба со сајтови од други онлајн обложувалници не можеме да напишеме добри зборови. Станува збор за едноставен сајт не натрупан и директно фокусиран на фудбалските натпревари ширум Европа. Во горниот дел од левата страна е интересното лого на 2Win, централниот дел е за категориите обложување, казино во живо и промоции, додека на десната страна се логин и регистрација опциите. Веднаш подолу од левата страна се спортовите кои се достапни за обложување, а во централниот дел ги имате опциите за избор на најиграните натпревари. Левиот дел е резервиран за тикет алатките. Најдолу се информациите за обложувалницата и контакт формата.

Уште еден интересен податок е тоа што имате можност екстра прегледно да ги сортирате натпреварите по денови и време на почеток.

2Win почетна страница
2Win почетна страница

Покриеност

Оваа обложувалница ги покрива само најпопуларните спортови, додека специјалите и другите помалку познати настани се изоставени. Практично тоа значи дека генрално се фокусирани на спорт и е-спорт.

Понуда во 2Win

Понудата е солидна и без многу додатоци како што е случај во другите онлајн обложувалници. Скоро за сите натпревари без разлика дали станува збор за топ лигите или за послабите лиги, достапни се околу 500 типови за кладење.

Тука се вклучени класичните конечен исход, полвуреме крај, вкупно голови. Има и комбинации на полувреме крај со голови, двојна шанса со голови како и комбинации за голови во прво и второ полувреме. Љубителите на хендикеп не се заборавени, па ја има и таа опција за кладење.

Коефициенти во 2Win

Коефициентите во 2Win се просечни. Не можеме да ги пофалиме дека се екстра добри или да ги омаловажиме како екстра ниски, па затоа велиме просечни. Многу често се случува на дисплејот во еден период од денот да видиме една вредност, а по неколку часа таа вредност да биде променета на повисоко или пониско.

Уплата на средства во 2Win Македонија

Уплатата на средства во 2Win се врши исклучиво преку платежните картички на Visa и Master Card. Минималниот депозит е во вредност од 300 мкд, а притоа се пресметува и провизија во вредност од 1.95% на износот. Пример: VISA и MasterCard платежни картички: Играчот сака да уплати 1000 денари депозит од неговата VISA кредитна картичка на неговата 2Win сметка за обложување.

На веб страната за уплата на депозит го избира износот од 1000 ден, притоа се прикажува стапката на провизијата од 1.95% и износот на провизијата од 19,5 ден. Вкупниот износ кој играчот го плаќа од неговата картичка е 1.020 ден. (1.019,5 се заокружува на цел број).

Исплата на средства во 2Win Македонија

Начинот на исплата може да биде преку платежните картички Visa и Master Card, трансакциска сметка и девизна трансакциска сметка (важи за во странство). Провизијата и овде ја има и е различна во зависност од начинот на исплата. За исплата на Visa и Master Card се задржуваат 5%. Доколку сакате да исплатите на трансакциска сметка провизијата изнесува од 7 до 90 денари во зависност од повлечената сума. За суми до 10.000 денари се наплаќа 7 денари. За суми од 10.001 денари до 999.999 денари провизијата изнесува 11 денари / 16 денари. Додека провизијата за исплата над 1.000.000 денари е 90 денари. За исплата на девизна транскациска сметка се пресметува 0.24% од износот + 350 мкд за SWIFT.

Минималниот износ за повлекување е 1500 денари преку платежни картички и трансакциска сметка.

За исплата на девизна сметка треба да имате остварено над 300 евра профит.

Корисничка поддршка во 2Win

Корисничката поддршка не е достапна преку Live Chat форма, па доколку имате проблем ќе мора да ги контактирате службите за корисници преку телефоните 02/5511693, 02/5511691, 075/411137 или пак преку контакт формата која е достапна на нивниот сајт. Генерално поддршката ќе ја добиете за неколку часа во зависност од тоа во кој дел од денот сте ги побарале.

2Win бонус

2Win бонус понудата е навистина сиромашна. Привремено знаат да пуштат некој бонус за добредојде или пак џек пот бонус кој е поврзан со нивното казино, За жал тоа го нема секогаш. Многу често полето за промоции е празно или пак има застарена понуда, па така играчите ја немаат оваа причина да пристапат кон нивниот сајт.

Обложување во живо на 2Win

На нивниот сајт посебна категорија има резервирано за љубителите на обложувањето во живо. Голем дел од игрите кои се достапни пред да започне натпреварот се достапни и за обложување во живо. Оваа понуда им е солидна и знаат да претстават натпревари кои и не се толку познати и спортови кои не се толку популарни.

Практично тоа значи дека сите кладилничари кои сакаат да се обложуваат во живо може да ја изберат 2Win бидејќи ќе ја задоволи нивната потреба. Исто така со коефициентите во живо се конкурентни и немаат големи промени. За секој поедничен натпревар има достапни информации за натпреварот во поглед на картони, корнери, голови итн.

2Win обложување во живо
2Win обложување во живо

Мобилно обложување

Многу е важно една обложувалница да има достапна и мобилна верзија од нивниот сајт. Во 2Win тоа е регулирано, бидејќи мобилниот сајт им е навистина добар и работи перфектно. За жал немаат апликација, па за да пристапите таму ќе мора адресата да ја накуцате во вашиот интернет пребарувач. Исто така преку мобилен телефон ќе може да се регистрирате и да уплатите тикет без поголеми потешкотии.

2Win мобилна верзија
2Win мобилна верзија

Како да се регистрирам на 2Win

Регистрацијата во 2Win е генерално лесецен процес. Се што треба да направите е да ги внесете вашите лични податоци и да штиклирате дека ги прочитавте условите и правата за користење. Во прилог детали и фотографија за тоа како изгледа регистрационата форма на 2Win.

Постојат три чекори за регистрација:

Прв чекор – Внесување на Вашите лични податоци

Втор чекор – Активација на Вашата 2Win сметка

Трет чекор –Подесување на ограничувања за игра и евентуални загуби

Прв чекор – Ваши лични податоци

Со првиот чекор за регистрација, треба точно да се внесат следните ваши податоци: име, презиме, држава на живеење, место и адреса на живеење, ЕМБГ (или број на патна исправа за нерезиденти), е-маил адреса, датум на раѓање и број на трансакциска сметка (не е задолжително за нерезиденти на Р.М.) и лозинка за пристап на вашата ДВЛМ сметка.

Втор чекор – Активација

За да ја активирате вашата 2Win сметка треба да ја потврдите регистрацијата. Тоа се прави со кликање на линкот кој ви стасал на е-маил.

Трет чекор – Ограничувања

Третиот чекор, кој воедно е и последен за регистрација. Тука треба да ги дефинирате вашите лични ограничувања за депозити и уплати.

Имајте на ум дека без важечка електронска адреса нема да можете да ја завршите постапката на регистрација.

2Win регистрација
2Win регистрација

Најчесто поставувани прашања за 2Win

Дали 2Win има провизија за уплата и исплата?

Да, обложувалнциата на 2Win има провизија и за уплата и за исплата. Истата не е голема, но сепак постои.

За колку време стигнуваат повлечените пари?

Вашето барање за повлекување откако ќе се процесира парите ќе ви бидат достапни на сметка за најмалку 1 час до најмногу 5 работни дена.

Дали има 2Win бонус за регистрација?

Бонусот за регистрација не е секогаш активен. Повремено го има и треба да се нагласи дека нема високи услови за исполнување.

Заклучок

2Win важи за едноставна онлајн обложувалница. Таа погодна за играчите кои се почетници, но секако нема да ги разочара и професионалците во поглед на функционирањето. Со слаба бонус понуда тешко дека ќе може да се издигне на тронот.