• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Уплата и испалта
  • Корисничка поддршка
  • Мобилно обложување
Overall
4.3

Резиме

William Hill важи за одлична обложувалница која е наменета за сериозни и искусни обложувачи. 

Pros

  • Стабилни коефициенти
  • Одлична корисничка поддршка

Cons

  • Комплициран дизајн на вебсајтот
  • Слаба бонус понуда

Во текстот кој следи ќе направиме детална анализа за една од подобрите онлајн обложувалници, William Hill. Оваа кладилница постои многу оддамна, а цело време се надоградува и се движи кон тронот во поглед на онлајн обложувањето.

Општо

Приказната за William Hill започнува уште во раните години, поточно во 1934 година кога цел процес се случувал нелегално и зад затворени врати. Сето тоа подоцна станува легално, а во 1998 година стекнува и лиценца за онлајн обложување, па од тогаш досега функционира беспрекорно. Во тој период се обложуале околу 16.000 корисници од девет различни држави ширум Европа.

Доверба

Обложувалницата на William Hill е лиценцирана од страна на британската комисија за коцкање, а компанијата е со седиште во Гибралтар заведна под број 000-039225 R-319373-009. Оваа обложувалница важи за европски букмејкер, а исто така посебна лиценца има и во Шведска каде брои безброј задоволни корисници. Со сите овие информации, може да кажеме слободно дека William Hill е стабилна обложувалница која ужива голема доверба помеѓу своите играчи. Доколку сакате вашите пари и облози да се сигурни, тогаш William Hill би бил вистински избор за вас.

Вебсајт

Вебсајтот може да го ставиме во категоријата на просечни вебсајтови, бидејќи нема некој кој знае каков интерфејс, па да ве фасцинира и да ве остави без зборови. Откако ќе пристапите на нивната адреса ве пречекува во левиот горен агол логото на William Hill кое дефинитивно е со одличен дизајн. Веднаш до него се наредени категориите во минималистички стил, додека во десниот агол како и во многу други обложувалници е логин и регистрација формата.

Веднаш под нив е мега слајдерот кој ви ги прикажува најатрактивните понуди кои се активни во моментот.

Централниот дел е повеќе насочен кон апликацијата за обложување која е во нивна сопственост, а исто така нивните профили на социјалните мрежи.

Футерот е секогаш резервиран за информациите кои се поврзани со обложувалницата.

Откако ќе изберете обложување (Betting) ви се појавуваат најпрво натпреварите во живо кои ги има во моментот. Во левиот дел се спортовите за кладење, додека на десната страна е тикет алатката, стримот во живо, како и рекламите за казиното на William Hill.

Како заклучок за вебсајтот може да кажеме дека станува збор за доста комплициран дизајн која и не воодушевува нешто посебно. За жал William Hill МК верзијата е недостапна.

William Hill
William Hill почетна страница

Покриеност

Покриеноста во Wiilam Hill е на високо ниво. Можете да се обложувате на 31 различен спорт, вклучувајќи тука и настани кои не семаат спортски карактер како политика итн, а имате опција да се обложувате и на екстра настани како British Got Talent и слични такви емисии. Со ова докажуваат дека би можеле да се обложите на се што ќе посакате. Тука се класичните спортови, а многу често во понудата за кладење ги има и трките со коњи и кучиња кои се многу популарни во Европа, а особено во Англија.

Понуда во William Hill

Кога зборуваме за понудата секогаш земаме во предвид натпревар од топ лигите во Европа. Овој пат ќе ви напишеме што има и како има за обложување за еден натпревар од италијанската Серија А. Имено, за еден таков натпревар во понудата за обложување имате нешто повеќе од 300 знаци за типување. Покрај класичните конечен исход, тотали, хендикепи имате одлична понуда за кладење на играчи. Станува збор за играчот дали ќе постигне гол, дали ќе асистира, дали ќе постигне хет трик итн. Сето тоа кога би се зачинило со одлична квота, возбудата е гарантирана.

Коефициенти

Најпрво да кажеме дека коефициентите во оваа обложувалница се достапни во три различни варијанти. Може да ги најдете како децимали, американски и фракционални. Што се однесува до нивната вредност, слободно може да кажеме дека се конкурентни во однос на другите водечки онлајн обложувалници, а освен тоа се и доста стабилни. Многу ретко се случува да доживеете промена пред самата уплата во смисла да се намали коефициентот.

Уплата на средства во William Hill Македонија

Уплатата во William Hill е доста брза и сигурна. Покрај тоа не треба да платите воопшто провизија, туку колку што ќе депонирате, толку ќе имате расположливи средства. Вашите пари во William Hill може да стигнат на 15 различни начини и тоа преку најпознатиот метод кредитни и дебитни картички, Skrill, Neteller итн. Депозитот ви се процесира најчесто веднаш. Минималниот депозит е 10 евра, односно 30 евра доколку изберете метод на уплата преку банкарска девизна сметка. Во прилог слика со сите методи за уплата.

William Hill
William Hill начини на уплата

Исплата на средства во William Hill Македонија

За да корисниците бидат заштитени од злоупотреби и слични такви дејства, исплатата на средства од сите обложувалници се враши на истиот начин како и уплатата. Се прави отстапка евентуално само ако начинот на кој сте уплатиле не прима исплата. Во овие начини сите имаат опција за исплата, па практично тоа значи дека исплатата исто како и уплатата може да ја направите на 15 различни начини. Времето на процесирање зависи од методот и се движи во граница од 24 часа, па до најмногу 10 дена. Најчесто и исплатата е исто така без провизија. Во прилог слика со методите за исплата како и времето на процесирање.

William Hill

Корисничка поддршка во William Hill

Доколку се соочувате со било каков проблем во оваа обложувалница, на располагање ви стои 24 часовната корисничка поддршка на William Hill. Нив може да ги добиете преку Live Chat услугата која е достапна на нивниот сајт, преку контакт формата да им испратите е-маил, телефонскиот број 0011 800 3551 3551 кој и не е баш најдобра опција или пак да ги контактирате преку нивниот Twitter профил. Како и да е, ве уверуваме дека ќе добиете многу брз и квалитетен одговор, а во најскоро време и решение за вашиот проблем.

William Hill бонус

William Hill бонус понудата е прилично сиромашна. Нема кој знае какви атрактивни бонус понуди, а тоа дефинитивно е голем хендикеп кога станува збор за привлекување на нови корисници. Генерално оваа понуда е заснована на кешбек и бонус на тикети. Со еден збор, доколку сте љубители на добрите бонус понуди, тогаш немате многу избор во оваа обложувалница.

William Hill бонус за добредојде

За новите корисници имаат бонус кој искрено не е кој знае што, бидејќи е во вид на бесплатни средства за обложување. За да го добиете овој бонус, при самата регистрација во бонус код полето треба да го внесете задолжително кодот P30.

William Hill бонус за добредојде

Обложување во живо

Обложувањето во живо во William Hill е навистина богато. Располага со многу настани, а освен познатите спортови прикажува и спортски натпревари од многу помалку познати земји и различни спортови. Често сме сведоци каде што на понудата за обложување во живо може да видиме натпревари од македонскиот Куп, македонската прва, втора, па дури и трета лига. Се разбира дека уплатата на тие натпревари е лимитирана со мали влогови, но сепак постојат на понудата.

Опции во William Hill

Секоја обложувалница нуди најразлични опции за своите корисници во поглед на корисни информации, кеш аут функции, Live Stream итн.

Live Stream

Како еден популарен букмејкер, William Hill за своите корисници нуди неверојатна можност да ги следат натпреварите во живо. Користењето на оваа функција е доста едноставно и треба само да се логирате и на страната за обложување да ја отворите опцијата Live Stream. Oваа опција е бесплатна и е достапна за сите клиенти на сајтот.

Cashout функција

Оваа функција станува се попопуларна помеѓу онлајн обложувалниците. Имено, вие со оваа функција имате опција да направите продажба на тикетот. Цената на тикетот зависи од погодената квота, максималната добивка итн. Откако ќе го продадете тикетот, повеќе не ве интересира исходот на натпреварот.

Статистика во живо

Љубителите на обложувањето во живо имаат опција да уживаат во статистиката која укажува на случувањата на натпреварот. Станува збор за корисни информации кои можат да бидат од клучен карактер, односно за тоа колку точни шутови има, напади, посед на топка итн.

William Hill
William Hill статистика во живо

Мобилно обложување во William Hill

Сега кога живееме во едно динамично опшество, многу важно е да имаме флексибилност кога станува збор за онлајн обложување. Поради сето тоа, обложувалниците посебно се посветуваат на развивање на одлични мобилни верзии на нивните сајтови, а исто така и на развивање на мобилни апликации. William Hill има апликација која е достапна за Android и iOS оперативните системи и функционира беспрекорно. Достапни се истите опции како и во десктоп верзијата.

Како да се регистрирам во William Hill

Процесот за да станете дел од „фамилијата“ William Hill е доста лесен и едноставен. Се што ви треба е само 2-3 минутки и завршување на двата чекори за процесот на регистрација.

Најрпво внесувате име и презиме, адреса и телефонски број, а потоа ве префрла на вториот чекор. На вториот чекор ќе може да изберете корисничко име, како и сигурносно прашање и на крај избирате лични лимити. Откако ќе го направите ова ја потврдувате вашата емаил адреса и веќе сте член на Willam Hill.

William Hill регистрација

Најчесто поставувани прашања за William Hill

Дали William Hill е легална обложувалница и дали поседува лиценца?

Оваа обложувалница е комплетно легална и е лиценцирана во Гибралтар, а исто така има лиценца и од британската комисија за коцкање.

Колку време се чека за исплата?

Времето за исплата зависи од начинот на кој сте направиле повлекување. Обично тоа трае од 24 часа, па се до 10 работни дена.

Дали е добра за почетници?

Оваа обложувалница има некој комплциран интефејс и почетниците може да делуваат збунето.

Може ли да играм преку мобилен во William Hill?

Да. Може да пристапите директно на сајтот или преку нивната апликација.

Колку е минималниот депозит?

Минималниот депозит е 10 евра.

Заклучок

William Hill се стреми да влезе во групата на најдобрите онлајн обложувалници. Целосно работат на подобрување на нивните функции, но сепак се слаби со бонус понудите. Располагаат со одлични и стабилни квоти. За крај може да кажеме дека William Hill е навистина добар букмејкер кој посебно ќе ги воодушеви поискусните обложувачи поради високите лимити на уплата и стабилноста на коефициентите.