• Вебсајт
  • Покриеност
  • Коефициенти
  • Бонус понуда
  • Уплата и исплата
  • Корисничка поддршка
  • Мобилно обложување
Overall
4.2

Резиме

Доколку барате букмејкер со највисок бонус за добредојде, тогаш Мeridianbet е вистинското место за вас. Сајтот е модерен и доста едноставен за користење.

Pros

  • Висок бонус за добредојде
  • Разновидна бонус понуда
  • Модерен дизајн

Cons

  • Лоша корисничка поддршка
  • Не баш најдобри коефициенти

Во овој текст нашиот тим максимално се потруди да ви ги претстави сите предности и недостатоци за обложувалницата Meridianbet.

Општо

Meridianbet е традиционален букмејкер кој на пазарот постои веќе од 2007 година и досега успешно функционира. Содржи голем број на дисциплини за обложување, но не за сите имаат детални функции за обложување. Со оглед на фокусот на европските натпреварувања, посебен приоритет му се дава на европскиот фудбал. Делот за обложување во живо на компанијата како и самата веб страница изгледаат доста необично. Сепак едноставноста е максимално присутна и нема да имате проблеми при избор на натпревари. Коефициентите им се солидни и генерално одговараат со соодносот 1.85/1.85, а мнгоу често тој сооднос е зголемен и изнесува 1.9/1.9 вредност.

Доверба

Лиценцата е прв и основен дел што треба да го има секоја обложувалница во која сакате да се регистрирате. Со лиценцата вие сте на некој начин сигурни дека ќе имате исплата, дека вашите податоци се заштитени итн. Meridianbet поседува една од појаките лиценци, поточно е лиценцирана во Малта под реден број MGA/B2C/134/2007. Сакаме да напомнеме дека многу други силни и познати обложувалници се лиценцирани токму во Малта. Meridianbet MK верзијата е во истата групација со Meridianbet.

Вебсајт

Кога станува збор за вебсајтот мора да кажеме дека е малку несекојдневен. Откако ќе стигнете на почетната страница ве пречекува во левата страна логото на Meridianbet, а во десниот дел е логин и регистрација формата. Потоа под нив се наоѓаат три категории од кои мора да изберете една. Класично обложување, обложување во живо и казино. Веднаш под нив е футерот со информации кои се во сопственост на обложувалницата во смисла контакти, правила, лиценци итн. Откако ќе ја изберете категоријата обложување, ви се отвора страна каде што преовладува црвената боја и каде што може да начекате интересен распоред.

Кога велиме интересен распоред мислиме на хедер секцијата каде што имате опција за избор на спорт, казино, игри на маса во живо статистики и подесувања. Веднаш под нив е мени барот, а во централниот дел следува слајдерот со најновите промоции и целосната Meridianbet бонус понуда. Потоа исто така во централниот дел подолу следуваат и препорачаните натпревари за играње. Исто како и во другите обложувалници во левиот дел се категориите за обложување за кој ќе напишеме подоцна. Лево е тикет опцијата каде што избирните натпревари треба да ги уплатите, а воедно и да ги потврдите. За крај сакаме да напомнеме дека сајтот на Meridianbet може да го видите во шест јазични верзии и тоа Англиски, Грчки, Шпански, Француски, Руски и Германски.

Meridianbet почетна страница
Meridianbet почетна страница

Покриеност

Обично кога станува збор за обложувалница со помала репутација или помалку позната како што е случај со Meridianbet сите мислиме дека покриеноста на спортови и настани за обложување е минимална, но за среќа во Meridianbet се докажува спротивното. Имено овде може да најдете многу интересни настани за обложување покрај класичните спортови фудбал, кошарка, ракомет, тенис итн. Посебно се добри во категорија Е-Спорт каде што нудат голем број на настани, а љубителите на долгорочни облози нема да се разочараат бидејќи ги има во огромен број.

Понуда во Meridianbet

Како што и погоре напишавме во Meridianbet се насочени кон европскиот фудбал, па за настан од европските топ лиги имате околу 800 опции за обложување. Тука може да го најдете класичното 1,Х,2 обложување како и најпознатите тотали на голови, корнери, картони итн. Забележавме дека има многу доста достапни опции за кладење на тимови како на пример повеќе голови за тим 1 во првото полувреме итн. Љубителите на високите квоти може да изиграат комбо типови на пример вкупно голови и конечен исход, а ретко во која онлајн обложувалница има и двојна шанса комбинирана со голови. Како и да е може слободно да кажеме дека понудата за фудбалот им е екстра добра, додека за другите спортови знае и да заостане во однос на другите обложувалници. Сепак, доколку вашиот избор е Meridianbet не веруваме дека ќе се соочите со проблем околу понудата за обложување.

Коефициенти

Кога станува збро за најважното нешто може слободно да кажеме дека Meridianbet има конкурентни коефициенти. Кога велиме најважно нешто за коефициентите мислиме на тоа дека доколку коефициентите се помали, во тој случај вашите пари на ова место вредат помалку. Дефинитивно не се најголеми вредностите, но сепак не се и за потценување.

Уплата на средства во Meridianbet Македонија

Вашите пари во Meridianbet може да ги уплатите на осум различни начини. Се разбира тука е најпопуларниот метод на уплата на средства преку кредитни и дебитни картички, е-новчаници од типот на Skrill и Neteller како и банкарскиот метод преку девизна сметка. Мора да напомнеме дека процесирањето на седум методи е веднаш, додека ако користите начин за уплата на средства преку девизна сметка ќе почекате од 1-5 работни дена додека вашите уплатени пари стигнат на сметката од Meridianbet. За крај сакаме да напомнеме дека сите методи се без провизија, односно колку што ќе уплатите толку и ќе си добиете без никакви задршки. Во прилог описно методите за уплата.

Meridianbet начини за уплата
Meridianbet – Начини за уплата

Исплата на средства во Meridianbet Македонија

Исплатата на средствата по правило се прави исто како и уплатата. Практично уплаќате со Visa картичка и мора со таа истата картичка да побарате и повлекување бидејќи во голем дел од барањата за повлекување знаат да бидат одбиени. Исто како и за уплатата парите можете да ги подигнете без никаква провизија, а кај вас ќе бидат достапни за најмалку 24 часа, а најмногу 5 работни дена во зависност од начинот кој сте го избрале. Во прилог сите начини за исплата и времетрањето за процесирање.

Meridianbet исплата
Meridianbet – Начини за исплата

Корисничка поддршка

Дефинитивно во овој дел обложувалнциата на Meridianbet не можеме да ја пофалиме. Како прво немаат Live Chat, а тоа е доста голем хендикеп барем во денешно време, но сето тоа се занемарува бидејќи се достапни 24/7 преку нивната контакт форма. Доколку се соочите со проблем ве уверуваме дека ќе ви го решат бидејќи имаат стручност, но за жал ќе треба да почекате неколку часа. Со корисничката поддршка од Meridianbet можете да стапите во контакт преку е-маил [email protected] и телефонскиот број +356 2131 9493.

Meridianbet бонус

Meridianbet бонус понудата е доста разновидна и солидна. За почеток имате добредојде бонус, а тука се и неделните бонуси како и кешбек програмите кои ви помагаат кога влегувате во црна серија. Накратко ќе ви напишеме за секој бонус поединечно.

Meridianbet бонус за добредојде

Бонусот за добредојде може да кажеме дека е одличен. Исполнува неколку параматери за да биде фантастичен. Како прво максималниот износ е 100% до 300 евра што навистина е реткост. Како втора не бара големи услови за исполнување, а минималниот квалификуван депозит е 10 евра. Доколку одлучите да се регистрирате во Meridianbet имате право за најмногу 30 дена да ја прифатите оваа понуда или да се откажете. Целосните услови и правила за користење се достапни на нивниот сајт.

Meridianbet бонус за добредојде
Meridianbet бонус за добредојде

Meridianbet бонус – Кешбек

Овој вид на бонус опфаќа рефундирање на вашите изгубени средства до 10%. Вашите рефундирани средства ги добивате секој понеделник и зависат од висината на сумата која сте ја изгубиле во изминатата недела.

Meridianbet бонус – Комбо тикет бонус

Комбо тикетите се тикети составени од повеќе натпревари, па колку што избирате повеќе дуели добивате и повеќе бонус. Единствен услов за овој бонус е тоа што не треба на тикетот да имате натпревар со коефициент помал од 1.35. Минималниот број на парови е 5, а максималниот е 30. Со 30 изиграни натпревари добивате зголемување за вртоглави 120%. Овој бонус е наменет за сите кои сакаат да играат комбинирани тикети, поточно тикети со повеќе натпревари. Зошто да погодите 30 натпревари, а да не добиете 120% поголема добивка.

Meridianbet комбо бонус
Meridianbet комбо бонус

Meridianbet бонус – Секоја сабота 5% повеќе

Овој вид на бонус е наменет за сите корисници кои ќе направат депозит во сабота преку Skrill. На тој начин нивната уплата ќе се зголеми за 5% до најмногу 300 евра.

Опции во Meridianbet

Не е како во другите обложувалници, но и овде има интересни алатки кои може да им бидат од помош на кладилничарите.

Статистика за завршени натпревари

Во овој дел може да најдете статистика за тоа кој колку победувал, ремизирал, добивал картони итн. Љубителите на статистичките информации веруваме дека генерално ќе бидат задоволни од оваа алатка која ја нуди Meridianbet.

Статистика во живо

Статистиката во живо не им е кој знае колку напредната, но сепак се најдуваат основните информации. Со помош на оваа статистика гледате број на корнери, жолти и црвени картони, пенали итн.

Мобилно обложување

Дефинитивно максимално работел тимот на Meridianbet за да обезбедат лесен пристап до нивниот сајт преку мобилен телефон или таблет. Оваа обложувалница има достапна апликација за Android и iOS оперативните системи. Апликацијата е достапна во повеќе земји вклучувајќи ја и Македонија. Преку апликацијата многу лесно може да направите регистрација, а исто така и да се обложувате без разлика дали пред да започне натпреварот или во живо. Комплетно истите функции се достапни како и на десктоп верзијата, па освен флексибилност што може да добиете, нема што други да изгубите ако се обложувате од мобилен телефон.

Meridianbet мобилна апликација достапност
Meridianbet мобилно обложување

Како да се регистрирам на Meridianbet?

Регистрацијата во оваа обложувалнциа е прилично лесна и едноставна. Целиот процес е поделен во два чекори каде што треба да ги внесете вашите лични податоци. Потоа ги штиклирате полињата за прочитани и прифатени права и услови и тоа е тоа. Ве советуваме да ги внесете податоците бидејќи покасно најверојатно ќе е потребна и верификација на профилот. Верфикацијата се прави со испраќање на личен документ за кој не треба да се грижите дали во некој случај би бил злоупотребен. Во прилог слика со регистрација формата на Meridianbet.

Meridianbet
Meridianbet – Форма за регистрација

Често поставувани прашања за Meridianbet

Дали Meridianbet прима уплата со картици?

Да, во Meridianbet може да уплатите парите преку вашите кредитни и дебитни картички.

Сигурни ли се моите податоци во Meridianbet?

Со самото лиценцирање секоја обложувалница се обврзува да ги чува заштитени податоците на своите корисници. Истиот случај е и во Meridianbet.

Има ли провизија за уплата и исплата?

Не. Вашите средства се депозираат и се повлекуваат без апсолутно никаква провизија.

Добри ли се коефициентите во Meridianbet?

Коефициентите во Meridianbet можеби не се најдобри, но се конкурентни со останатите онлајн обложувалници.

За колку време стигнуваат повлечените пари?

Парите вам ќе ви бидат достапни од најмалку 24 часа до најмногу 5 работни дена во зависност од методот на исплата.

Има ли бонус за прва уплата?

Да, има бонус. И тоа не обичен, туку фантастичен бонус од 100% до 300 евра на вашата прва уплата.

Заклучок

Meridianbet иако е помалку позната обложувалница сепак си функционира како лиценцирана обложувалница од која корисниците генерално се задоволни. Располага со голем спектар на игри особено за европскиот фудбал, а исто така може да се пофалат со одлични бонуси и промоции.