Овде во овој текст, нашиот тим ќе ви ги претстави сите предности и недостатоци после напорното истражување за обложувалницата на Mozzart.
Општо
Mozzart е онлајн обложувалница и онлајн казино кое функционира беспрекорно. Потекнува од Србија, но има и многу лиценци што придонесува да се пробива и на светскиот пазар. Можеби не се во врвот во однос на другите светски обложувалници, но сепак се трудат да станат што подобри и да се пробијат помеѓу топ онлајн обложувалниците.
Доверба
Mozzart е официјално лиценцирана обложувалница во Македонија, практично тоа значи дека поседува македонска лиценца, па со оглед на тоа може да кажеме дека ужива голема доверба помеѓу играчите во Македонија. Функционира и како локална класична обложувалница, додека пак онлајн обложувањето функционира според лиценца од Малта.
Вебсајт
Вебсајтот им е доста модерен, но тоа не значи дека е и лесен за користење. Како прв недостаток е тоа што кога избирате распоред на натпреварите добивате еден збунувачки редослед, па не можете баш лесно да се снајдете. Генерално имаат солиден вебсајт, но дефинитивно мора да поработат со цел да го направат поедноставен за користење.
На почетната страна добивате буквално се и сешто во тегет – жолта комбинација. Веднаш штом ќе влезете во страната во левиот горен агол ве пречекува добро познатото лого, додека во десниот агол е опцијата за најава и регистрација. Под нив, поточно во хедерот имате банер кој цело време ги прикажува активните бонуси и промоции.
Потоа следува распоредот на натпревари, каде што лево ви се натпреварите во живо, однсоно натпреварите кои се започнати, додека во централниот дел се најиграните дуели. Од десно ќе го најдете банерот со промоцијата Mozzart бонус за добредојде и рекламата за зголемени квоти.
Футерот им е посветен лично за нив каде претставуваат доста корисни информации за компанијата, лиценци како и корисни опции за играчите како статистики, резултати итн.

Покриеност
Во рамките на Mozzart вие имате опција да се обложувате на голем број на спортови. Во однос на другите обложувалници ова е средна покриеност, па затоа и не може да ги пофалиме во овој дел. Се разбира дека класичните обложувачи ќе бидат задоволни со оглед на тоа што ги има основните спортови за обложување, а многу малку покрива во однос на помалку познатите спортови и настани.
Понуда во Mozzart
Доколку се направи споредба со другите обложувалници, понудата е солидна. На пример за настан од најјаката англиска лига, Премиер лига вие може да изберете еден од околу 300 понудени типови. За разлика од минатото, кога бројот на понудени типови и комбинации беше на ниско ниво, во последно време од Моцарт доста се имаат потрудено да ја надополнат понудата. Во однос на другите спортови, исто така можат да се пофалат со обемна понуда, но дефинитивно ако сте типичен 1, Х, 2 обложувач, оваа обложувалница ги нуди сите класични облози.
Коефициенти во Mozzart
Коефициентите се главен елемент на секоја обложувалница. Зошто би играле, доколку коефициентите ги занемаруваме. Се разбира, тие се нешто најважно во една обложувалница. Во Mozzart многу не се „даржеливи“ во поглед на овие вредности. Често квотите во однос на конкурентните обложувалници се помали, но сепак има нешто што би можело и покрај тоа да ве привлече да се обложувате токму тука. Интересно е тоа, што иако квотите се помали, сепак се стабилни и многу ретко се случува да имате една вредност на дисплејот, а сосема друга кога кога ќе уплатите.
Обложување во живо во Моцарт
Во последно време обложувањето во живо стана популарно и во Македонија. Покрај класичното онлајн обложување, Mozzart нуди и обложување во живо. Мораме да нагласиме дека условите за обложување во живо во Mozzart се поволни. Што значи тоа? Тоа значи дека нивниот веб сајт е прилагоден за обложување во живо, каде што се бара брзина во пронаоѓање и поставување на облозите. Второ, коефициентите за овој тип на обложување се повисоки од некои светски обложувалници.
Покрај тоа, доколку сте љубител на обложување во живо, Mozzart ви нуди и визуелен приказ за текот на наптреварот, каде што се прикажани и разни статистики кои ќе ви помогнат да донесете одлуки. За жал, обложувалницата сеуште не нуди да гледате натпревари во живо како некои од светски познатите кладилници. Се надеваме дека во иднина ќе може да се користи и оваа поволност, што би било од голема помош на обложувачите.
Уплата на средства во Mozzart Македонија
Уплатата на средства во оваа обложувалница се врши преку неколку популарни и безбедни методи. Достапни се следниве начини на уплата: Visa, MasterCard, Skrill, Neteller и Trustly. Минималниот износ за депозит изнесува 10 евра, а за сите наведени методи не се наплатува провизија. Средствата се процесираат веднаш по уплатата, што значи дека веднаш ќе бидат достапни за игра.
Иако изборот на методи е ограничен во споредба со други платформи, сепак постојат доволно опции за сигурна и брза трансакција. Уплатата се врши преку стандардна процедура со верификација од страна на обложувалницата, без дополнителни трошоци за корисниците.
Исплата на средства во Mozzart Македонија
Исплатата на добивката се врши преку истите канали преку кои се врши и уплатата, со цел зголемена сигурност и следливост на трансакциите. Корисниците можат да ги повлечат своите средства преку: кредитни и дебитни картички, Skrill, и Trustly. Минималниот износ за исплата изнесува 20 евра, а нема провизија при процесирање на барањето.
Барањата за исплата се обработуваат во рок од 48 часа, по што средствата, зависно од избраниот провајдер, се префрлаат на сметката на корисникот во рок од неколку часа. Платформата најавува дека во иднина ќе понуди и дополнителни опции за исплата преку модерни е-новчаници и други брзи системи за плаќање.
Корисничка поддршка
Доколку се соочите со проблеми при обложувањето на сајтот на Mozzart ви стои на располагање љубезна корисничка поддршка која во најкус можен рок ќе се обиде да го дефинира и отстрани вашиот проблем. Постојат повеќе начини за да се поврзите со нив и тоа контакт форма преку нивниот сајт, e-mail [email protected].
Mozzart бонуси и промоции
Во овој дел Mozzart навистина може да се пофалат, бидејќи секогаш претставуваат атрактивни бонуси за играчите. Во секој момент се достапни голем број на бонуси како: бонус за добредојде (бонус за нови играчи), бонуси за кладење, бонуси за казино и разни други промоции.
Нашиот фокус во оваа рецензија ќе бидат бонусот за добредојде и бонусите за обложување.

Mozzart бонус за добредојде
Сите нови корисници на Mozzart имаат можност да добијат бонус за добредојде: 100% бонус на првиот депозит до 400€ + 100 бесплатни спинови. За да го активирате овој бонус, потребно е при регистрација да внесете промо код: BONUS400 и да направите депозит од минимум 10€, а за максимален бонус – 300€.
Со оваа понуда добивате:
- 100% бонус за слотови до 300€
- 100% бонус за обложување до 100€
- 100 бесплатни вртења на играта Sweet Bonanza (Pragmatic Play), со вредност од 0.20€ по вртење.
Слот бонусот мора да се изигра 35x во рок од 30 дена, а бесплатните вртења да се искористат во рок од 7 дена. Максималната добивка од бесплатните вртења е ограничена на 100€.
Спортскиот бонус може да се користи само за обложување пред почеток на настанот, со минимум 4 натпревари на тикет и минимална квота од 1.35 по селекција. Овој бонус мора да се изигра 4x за да се претвори во реални средства.
Понудата е достапна само за прв депозит и може да се искористи само еднаш по корисник. Важи до 31 декември 2025 година.
Monday Cashback бонус во Mozzart
Секој понеделник, Mozzart ги наградува лојалните играчи со Monday Cashback бонус – поврат на средства до 25%! Доволно е само да се најавите на вашиот Mozzart профил во понеделник и да го проверите вашето бонус салдо. Износот што го добивате зависи од повеќе фактори, како што се обемот и времетраењето на играта во изминатата недела.
Бонусот се активира едноставно – најавете се и кликнете на копчето за прифаќање на бонусот. Средствата не можат да се повлечат директно, но може да се користат за игра на сајтот или на мобилната апликација.
Корисникот може да избере дали бонусот ќе го распредели за обложување или казино игри, или ќе го префрли целосно на една од нив. Доколку го префрлите бонусот на сметката за обложување, ќе се појави во делот „MCB“. Доколку сакате да го искористите, ќе треба да го селектирате при уплата на тикет. Ако средствата се префрлат за казино игри, може да се користат откако реалните пари ќе бидат истрошени.
Сите добивки направени со Monday Cashback бонусот можат да се исплатат како реални средства. За ова не постојат никакви дополнителни услови за обрт на средстствата или сл.

Mozzart понуда промаши, а наплати (до 100% кешбек)
Овде станува збор за бонус промоција која е наменета за сите што ќе „паднат“ за еден натпревар. Во зависност од коефициентот кој ви е погоден на тикетот, добивате кешбек до 100 пати.
Со оваа понуда добивате:
- Поврат на уплата или мултиплицирана добивка при само едно промашување;
- Важи за тикети со најмалку 4 натпревари;
- Пресметката се врши според вкупната квота на добитните парови, без коефицинтот на промашениот натпревар.
Пример: Ако одиграте тикет со 10€ и вкупна квота од 140, а промашите натпревар со квота 1.30 – се пресметува 140 / 1.30 = 107. Во тој случај, влегувате во опсегот од 99+, и добивате 5x од влогот, односно 50€.
Cashback-от се доделува според следните правила:
- Потребни се најмалку 4 натпревари на тикетот;
- Само еден натпревар смее да биде промашен;
- Вкупната квота на добитните натпревари мора да биде повеќе од 29;
- Понудата важи само за класично спортско обложување.

Бонус квота
Концептот на играта е базиран на три групи натпревари: Супер 4+1, Супер 6+1 и Супер 8+1. Овозможен ви е избор на еден натпревар од секоја група, а „Супер“ ги прави тоа што натпреварите во овие групи имаат значително зголемени квоти, што директно го зголемува потенцијалниот добитен износ.
За да се стекнете со право на Супер 4+1, потребно е да одиграте 4 натпревари од редовната понуда, по што можете да додадете 1 натпревар од групата Супер 4+1. За Супер 6+1, потребни се 6 натпревари од редовната понуда + 1 од групата Супер 6+1. Кај Супер 8+1, важи истото правило – 8 редовни натпревари + 1 од Супер 8+1.
Бонус коифициентите може да се комбинираат со сите видови тикети и системи, без минимална квота. Натпреварите од Супер групите не се пресметуваат во бонусот за должина на тикетот. На пример, ако имате 12 натпревари, а три се од Супер групите, бонусот за должина се пресметува за 9 натпревари.
Во системски тикети, бројот на Супер натпревари зависи од бројот на условени парови (првиот број во системот). На пример, систем 5/12 дозволува 1 Супер 4+1 натпревар, 7/12 дозволува уште еден од Супер 6+1, а 9/12 – по еден од сите три групи.

Freebet бонус во Mozzart
Со викенд промоцијата Sportsbook Cashback, добивате 20% бонус во вид на Freebet по исполнување на условите.
Сѐ што треба да направите е да депонирате минимум 20€ за време на сабота или недела, и целиот износ да го изиграте пред почетокот на натпреварот. Во секој тикет мора да има најмалку 3 натпревари, со минимална квота од 1.35 по настан.
Откако ќе ги исполните условите, автоматски добивате 20% од вложениот износ, до максимум 100€, како бонус кој веднаш се појавува во вашиот Freebet паричник.
На пример, доколку уплатите 20€ во сабота и одиграте 4 тикети по 5€ кои ги исполнуваат условите, добивате 4€ бонус (20% од 20€). Тикетите не мора да се процесираат до крајот на викендот – важно е само да бидат уплатени според условите.
Промоцијата важи само за обложување пред почетокот на натпреварот, и само за викенди (сабота и недела). По уплатата, бонусот прво се појавува во паричникот „Условен Бонус“, а веднаш по исполнување на условите, се префрла во „Freebet“ салдото и е достапен за користење.

CASH OUT
Сите корисници на Mozzart имаат можност да ја искористат функцијата CASH OUT, која овозможува исплата на тикетот пред завршување на натпреварот. Оваа опција е достапна само за тикети во живо и не може да се користи при класично обложување.
Со оваа функција добивате:
- Можност за исплата во секој момент од натпреварот
- Контрола врз тикетот без да чекате крај на натпреварот
- Намалување на ризик и заштеда на можни загуби
CASH OUT е идеална функција ако почувствувате дека натпреварот се движи во неповолен правец. Наместо да ризикувате цел тикет да пропадне поради еден непредвиден момент, доволно е само да кликнете на CASH OUT и добивката веднаш ќе се префрли на вашата сметка.
Оваа функција е едноставна, брза и достапна директно од вашиот Mozzart профил. Со CASH OUT, вие одлучувате кога натпреварот завршува!
SUPER MULTI BONUS до 200%
Сите корисници на Mozzart имаат можност да остварат дополнителна добивка до 200% со промоцијата Super Multi Bonus. Оваа понуда овозможува бонуси од 2% до 200%, во зависност од бројот на парови на тикетот и типот на селекциите.
Со оваа понуда добивате:
- Бонус почнувајќи од 2% за 4 натпревари
- До 200% бонус за тикети со поголем број селекции
- Повисоки бонуси за типови на игри без конечен исход (нпр. вкупен број голови, двоен исход, полувреме/крај и сл.)
Правилата за добивање на Super Multi Bonus се следни:
- Секој натпревар на тикетот мора да има минимална квота од 1.30
- Минимален број на натпревари на тикет е 4
- Понудата важи само за спортско обложување пред почеток на натпреварите (не важи за обложување во живо)
Бонусот се додава автоматски и се пресметува врз основа на бројот на одиграни парови и типот на селекции. Со Super Multi Bonus ја зголемувате добивката без дополнителен ризик!
Максимална исплата
Оваа понуда ви ја пренесува во целост. Максималната исплата на тикет на кој има 30 или повеќе парови, изнесува 10,000,000 денари! Сон на секој искусен играч на спортско обложување е да барем еднаш во животот “фати” максимална исплата, а ако веќе ја брка максималната исплата, ред е да ја брка онаму каде е и најголема. Максималната исплата за сите тикети за спортско обложување во Mozzart изнесува извонредни 10.000.000 мкд ! Станете милионер со малку среќа, многу спортско знаење и влог од само 20 денари! Не постои полесен начин во еден ден да заработите за цел живот!
Moбилно обложување во Mozzart
Мобилното обложување во Mozzart е навистина напреднато. Располагаат со фантастичен сајт во кој се достапни истите фунцкии како и на десктоп сајтот. Исто така вие може да се обложувате во Mozzart 24/7 преку нивната апликација која е достапна за Android и iOS оперативните системи.
Како да се регистрирам во Mozzart?
Регистрацијата на овој сајт е доста едноставна и нема да ви одземе повеќе од две минутки.
Најрпво си избирате корисничко име, а потоа внесувате е-маил и два пати ја потврдувате лозинката.
Внесувате име и презиме како и датум на раѓање. Потоа го штиклирате полето дека сте ги прочитале услови за користење и тоа е тоа, вие веќе сте член на обложувалницата Mozzart.

Најчесто поставувани прашања
Да. Не ви требаат некои посебни знаења и вештини за да го сторите тоа.
Минималниот депозит е 300 денари.
Исплатата на вашата сметка ќе биде достапна за најмногу 72 часа.
Заклучок
Дефинитивно Mozzart се труди да стане дел од лидерите на пазарот за обложување. Сепак за тоа ќе мора да ги подобрат некои елементи, како уплата и исплата, квоти итн.