Тип на денот - Леванте - Атлетик
Леванте и Атлетик се среќаваат на 16.09.2026 од 21:30 часот по скопско време на Ciutat de València, во 6то коло од Ла Лига. Нашиот избор е победа на Атлетик на гости со коефициент 2.11.
Леванте
Леванте по пет одиграни кола е на 14тото место со пет бода, со една победа, две нерешени и два порази и гол-разлика 7-9. Формата L-D-W-D-L добро покажува дека тимот сè уште нема континуитет на стартот од сезоната.
Во последниот натпревар Леванте загуби дома од Барселона со 2-4. Претходно ја совлада Бетис, ремизираше со Осасуна и Малага, а сезоната ја отвори со пораз од Еспањол со 0-3.
Дополнителен проблем за домаќинот е кадровската ситуација. Карл Ета Ејонг е отсутен поради повреда на бутот, додека Примо е голем сомнеж поради проблем со рамото.
Атлетик
Атлетик е деветти со седум бода, со две победи, едно нерешено и два порази и гол-разлика 7-6. Најважниот дел од моменталната слика е реакцијата по поразите од Севиља и Барселона.
Во последните три натпревари Атлетик нема пораз. Прво ја победи Селта со 2-0, потоа беше убедлив против Атлетико Мадрид со 3-0, а во последниот меч одигра 1-1 со Елче. Тоа се три последователни средби без пораз и јасно подобар период во споредба со почетокот.
Атлетик исто така има отсутни играчи, а надвор се Каналес, Гурусета, Вивијан и Егилуз.
Очекување
Коефициентот 2.11 за победа на Атлетик ни изгледа интересен пред сè поради моменталната форма и меѓусебните дуели. Гостите влегуваат во натпреварот по три средби без пораз, од кои две победи без примен гол, додека Леванте во последниот домашен настап прими четири гола од Барселона. Уште посилен аргумент е традицијата во овој дуел. Атлетик го победи Леванте со 4-2 во февруари 2026, а во ноември 2025 славеше токму на Ciutat de València со 0-2. Леванте нема домашна победа против овој ривал од декември 2018, кога беше 3-0, додека Атлетик во последните 11 меѓусебни средби има осум победи и три нерешени. Кога на тоа ќе се додаде дека гостите доаѓаат по позитивна серија, изборот на двојка има добра основа и покрај тоа што коефициентите 3.42 за Леванте, 3.48 за нерешено и 2.11 за Атлетик најавуваат натпревар во кој гостите не се огромен фаворит.
ТИП: Леванте - Атлетик - 2 @ 2.11 во 22Bet.
18+

Be the first to comment