Тип на денот
Денеска во 17:10 часот, во Бурајда, Ал Таавун ја пречекува Ал Кадисија во 10. коло од Саудиската Про лига. Разликата меѓу двата тима е огромна, и според пласманот и според прикажаното во досегашниот дел од сезоната. Гостите се во трка за врвот, додека домаќините сѐ уште ја чекаат првата првенствена победа. Нашиот избор за овој натпревар е победа на Ал Кадисија, со коефициент 1.435 во 22Bet.
Ал Таавун - Ал Кадисија: зошто играме 2
Ал Кадисија пристигнува како второпласирана екипа со 22 бода од девет кола, само два помалку од лидерот Ал Хилал. Со седум победи, едно реми и еден пораз, како и гол-разлика 23-9, гостите покажуваат дека имаат квалитет за борба на самиот врв. Единствениот пораз го претрпеа уште во август, кога дома загубија од Ал Итихад со 0-1.
Особено впечатлив е нивниот учинок на гостински терен. Ал Кадисија победи на сите четири гостувања, со вкупна гол-разлика 12-1. Го совлада Ал Шабаб со 3-1, Неом и Ал Дирија со по 2-0, а Ал Холуд со убедливи 5-0. Таквата ефикасност, во комбинација со само еден примен гол, е најсилниот аргумент за нашиот избор.
Ал Кадисија постигна гол на осум од деветте првенствени натпревари, а во последните пет средби во сите натпреварувања нема пораз, со три победи и две нерешени. Во претходното коло ја совлада Абха со 2-1, со головите на Матео Ретеги и Мохамед Абу Ал Шамат. Ретеги е најдобриот стрелец на клубот и важен дел од нападот. За овој натпревар недостасува Валид Ал Ахмад поради кинати крстни лигаменти.
На спротивната страна, Ал Таавун на Вук Рашовиќ е претпоследен, на 17. место од 18 екипи, со само четири бода. Во девет кола нема ниту една победа, со четири нерешени и пет порази, а гол-разликата од 4-16 доволно зборува за проблемите во двата правци.
Уште поважен податок е домашниот учинок. Ал Таавун нема постигнато гол на ниту еден од четирите домашни првенствени натпревари. Одигра 0-0 против Ал Халиџ, Ал Фејха и Ал Фатех, а од Ал Хилал загуби со 0-6. Во последното коло освои бод кај Ал Дирија со 1-1, благодарение на голот на Абдеразак Хамдалах. Победата од 2-1 над Ал Рајан во азиската Лига на шампиони 2 донесе позитивен резултат, но првенствената слика останува непроменета. Басем Ал Ораини отсуствува поради повреда на крстните лигаменти.
Очекуваме Ал Кадисија да ја наметне својата поголема напаѓачка моќ и да ја искористи слабата реализација на домаќинот. Четири победи од четири гостувања, наспроти четири домашни натпревари на Ал Таавун без постигнат гол, се комбинација што јасно оди во прилог на гостите. Затоа играме победа на Ал Кадисија.
Тип: Ал Таавун - Ал Кадисија 2 @ 1.435 на 22Bet.
Be the first to comment