Тикет на денот
Денеска составивме тикет со три натпревари од азиската Лига на шампиони Елита и романската Суперлига. Првиот натпревар започнува во 17:00 часот, вториот во 19:00 часот, а последниот во 19:15 часот. Избравме две домашни победи и една гостинска, потпирајќи се на моменталната форма, резултатите во досегашниот дел од сезоната и разликата во квалитетот меѓу противниците. Сите три коефициенти се од понудата на 22Bet, а вкупниот коефициент на тикетот изнесува 3.49.
Ал Аин - Трактор 1 @ 1.437
Првиот избор на денешниот тикет доаѓа од третото коло на азиската Лига на шампиони Елита, каде што Ал Аин го пречекува иранскиот Трактор во 17:00 часот на стадионот „Хаза бин Зајед“. Домаќините се во одлична позиција во натпреварувањето и имаат силни аргументи да ја продолжат победничката серија.
Ал Аин е прв на табелата во западната зона со максимални шест бода од два натпревари и импресивна гол-разлика 8-1. Во првото коло го совлада Ал Наср со убедливи 4-0 пред своите навивачи, а потоа славеше и на гостувањето кај Ал Кува Ал Џавија со 4-1. Осум постигнати голови на два натпревари се јасен показател за офанзивната моќ на домаќините, кои досега постигнуваа по четири гола на секој настап во ова натпреварување.
Точно е дека Ал Аин имаше два тешки натпревари против Шабаб Ал Ахли во домашните натпреварувања. На 17 октомври загуби со 0-2 во првенството, што беше негов прв првенствен пораз од март 2025 година. Во четвртокот беше елиминиран и од Купот на претседателот со 2-3 по продолженија, но таму покажа карактер, враќајќи се од 0-2 до 2-2 со играч помалку.
Од другата страна, Трактор има само еден бод од првите две кола. Иранскиот состав загуби со 0-1 кај Шабаб Ал Ахли, а дома одигра 0-0 против Ал Шамал. Гостите сѐ уште немаат постигнато гол во натпреварувањето, што е голем контраст во споредба со осумте погодоци на Ал Аин.
Очекуваме домаќините да ја наметнат својата офанзивна игра и да го искористат домашниот терен. Разликата во ефикасноста е очигледна, а шесте освоени бода на Ал Аин дополнително ја потврдуваат неговата предност. Затоа победата на домаќинот со коефициент 1.437 е нашиот прв избор.
Сепси - Универзитатеа Крајова 2 @ 1.50
Вториот натпревар на тикетот започнува во 19:00 часот на „Сепси Арена“ во Сфанту Георге, каде што Сепси ја пречекува Универзитатеа Крајова во 13-тото коло на романската Суперлига. Тука одиме со победа на гостите, кои се во значително подобра форма и имаат одлична традиција против денешниот противник.
Универзитатеа Крајова е актуелен шампион на Романија и моментално се наоѓа на третото место со 26 бода, со осум победи, две ремија и два порази. Гол-разликата од 27-9 покажува дека станува збор за екипа која има квалитет и во нападот и во одбраната. Крајова заостанува само три бода зад лидерот Динамо, па денешната победа има големо значење во борбата за врвот.
Формата на гостите е уште еден силен аргумент за нашиот избор. Крајова има пет последователни првенствени победи, меѓу кои и триумфот со 2-0 против Фарул, како и победата над Чиксереда. Крајова нема првенствен пораз од 9 август, што доволно зборува за стабилноста на екипата. Во четвртокот славеше и на европската сцена, победувајќи го Интер Ескалдес со 3-1 на гостински терен во Лигата на конференциите, со головите на Ал Хамлави, Бајарам и Елисор.
Сепси, пак, е на 12тото место со 14 бода и скромна гол-разлика 8-13. На 12 првенствени натпревари постигна само осум голови, а на последните три кола не успеа да забележи победа. Загуби дома од Динамо со 0-2 и на гостувањето кај УТА со 0-1, а на гостувањето кај Петролул одигра 1-1. Во двата пораза екипата не успеа ниту да постигне гол.
Во прилог на гостите оди и меѓусебната традиција. Крајова ги доби последните пет натпревари против Сепси, вклучувајќи ги и последните две гостувања во Сфанту Георге. Со оглед на актуелната форма, далеку поголемата ефикасност и успешната серија во меѓусебните пресметки, очекуваме шампионот да стигне до нова победа. Двојката со коефициент 1.50 е нашиот втор избор.
Ал Кадисија - Ал Сад 1 @ 1.62
Последниот натпревар на денешниот тикет започнува во 19:15 часот во Дамам, каде што Ал Кадисија го пречекува катарскиот Ал Сад во третото коло на азиската Лига на шампиони Елита. Ова е пресметка меѓу домаќин кој веќе покажа дека може да освојува бодови во натпреварувањето и гостин кој има сериозни проблеми со резултатите и ефикасноста.
Ал Кадисија е трета во саудиското првенство со 25 бода од 11 натпревари, со осум победи, едно реми и два порази. Гол-разликата од 26-12 покажува дека располага со ефикасен напад, а тоа се потврдува и со податокот дека постигнала барем еден гол на секој од последните десет натпревари.
Во азиската Лига на шампиони Елита, Ал Кадисија е непоразена по првите две кола. На домашен терен го совлада Ал Васл со 2-1, а потоа освои бод на гостувањето кај Пахтакор со 1-1. Четирите бода претставуваат добра основа за продолжението на натпреварувањето, а денешната средба е одлична можност за втора победа.
На последните пет натпревари Ал Кадисија забележа победи против Ал Тааун со 1-0, Абха со 2-1 и Ал Холуд со убедливи 5-0, ремизираше со Пахтакор и загуби од Ал Хилал со 2-3. Важно е да се истакне и домашната победа над Ал Ахли со 3-2, која дополнително го потврдува квалитетот на екипата. За денешниот натпревар ќе недостасува Валид Ал Ахмад поради скинати лигаменти.
Ал Сад, од друга страна, е последен во западната зона без освоен бод и без постигнат гол. Катарскиот состав загуби со 0-3 кај Естеглал и со 0-2 дома против Ал Хилал. Неговата гол-разлика од 0-5 јасно ја покажува разликата во досегашните настапи во однос на денешниот домаќин.
Дополнително, Ал Сад има четири порази на последните пет натпревари во сите натпреварувања. Единствената победа во тој период беше против Ал Шаханија со 4-0, додека загуби од Ал Духаил со 2-3, Ал Хилал со 0-2, Ал Араби со 2-3 и Естеглал со 0-3. На гостите ќе им недостасуваат Брозовиќ, кој има повреда на препоните, и Рафа Мухика.
Ал Кадисија има подобра моментална форма, редовно постигнува голови и веќе покажа дека знае да победи на домашен терен во ова натпреварување. Наспроти неа стои противник без бод и без гол по две кола. Веруваме дека домаќините ќе ја искористат оваа предност и ќе ги освојат трите бода, па чист кец е нашиот избор за последната нога на тикетот.
Вкупен коефициент: 3.49 на 22Bet.
Be the first to comment