Тип на денот
Денеска во 19:00 часот, Копенхаген го пречекува Оденсе на стадионот „Паркен“ во натпревар од 12-тото коло на данската Суперлига. Домаќините влегуваат во овој дуел со јасна цел да се вратат на победничките патеки во првенството и да го продолжат притисокот врз водечкиот Мидтјиланд. Разликата на табелата е само три бода, а Копенхаген има и натпревар помалку, па денешната пресметка е одлична можност за нови три бода.
Копенхаген - Оденсе: зошто играме 1
Копенхаген е втор на табелата со 25 бода од 11 натпревари, со осум победи, едно реми и два порази. Гол-разликата од 25-11 доволно зборува за квалитетот на овој состав, кој истовремено го има најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата. Сезоната ја започна со осум победи во првите девет кола, а иако во последните две првенствени средби освои само еден бод, квалитетот на екипата останува неспорен.
Посебно убедлив е Копенхаген пред своите навивачи. На пет домашни првенствени натпревари забележа четири победи и едно реми, со гол-разлика 12-4. Ги совлада Лингби со 3-2, Сондерјиске со 3-1, Нордсјеланд и Хорсенс со по 2-0, додека единственото реми беше против АГФ со 1-1. Тоа е серија која покажува дека на „Паркен“ домаќините редовно наоѓаат начин да стигнат до посакуваниот резултат.
Во четвртокот Копенхаген одигра 2-2 против Црвена Ѕвезда во Белград во Лигата на конференциите, при што неколку стандардни фудбалери добија одмор или помала минутажа. За денешниот натпревар недостасуваат Матсон и Масеко.
Оденсе пристигнува како седмопласиран тим со 13 бода и гол-разлика 10-15. Гостите се непоразени четири кола по ред, со победи против Брондби и Рандерс и ремија со Нордсјеланд и Мидтјиланд. Сепак, на првите седум кола имаа само една победа, а со десет постигнати голови го имаат најслабиот напад во првенството.
Дополнително, Оденсе има само една победа на шест гостувања, со три ремија, два порази и пет постигнати голови. Ќе недостасуваат Мартин, Нимиец и Теркилдсен, додека и Ал-Холмстрем се очекува да биде надвор од составот.
Очекуваме Копенхаген да ја преземе иницијативата и да го искористи својот офанзивен квалитет. Во септември го декласираше Оденсе со 5-0 на гостински терен, а на „Паркен“ нема првенствен пораз од овој противник на последните 29 меѓусебни натпревари, со 18 победи и 11 ремија. Последната првенствена победа на Оденсе на „Паркен“ датира од август 2003 година. Домашната форма, разликата во квалитетот и традицијата се силни аргументи дека чист кец е нашиот избор.
Тип: Копенхаген - Оденсе 1 @ 1.454 на 22Bet.
Be the first to comment